ПЕЧКИ И КОТЛИ
АЛПИН ПЕЛЕТ е ексклузивен дистрибутер на производите на ЕКОШПАР, веќе докажан бренд во Европа.
Печките и котлите кои користат пелети се технологија која е во развој повеќе од 30 години. Долгогодишните унапредувања доведоа до тоа модерните печки и котли на пелети да бидат целосно автоматизирани уреди. Корисникот треба само да го наполни бункерот за пелети да ја подеси собната температура и да притисне едно копче. Сите други операции како палење, регулирање, гасење и ладење печката ги прави самостојно.
Печките и котлите на ECOSPAR се одликуваат со:
- коефициент на ефикасност поголем од 90% - ниска потрошувачка
- целосно автоматизирано работење - корисникот треба само да ја подеси собната температура
- лесно и брзо чистење - на секои 2-3 дена
- поседуваат неколку безбедносни системи
Во сите печки и камини се употребени најквалитетни материјали по европски стандарди. Секој производ доаѓа со гаранција од 2 години.